Тајната за како мистериозниот графити уметник Бенкси никогаш не е „фатен на дело“ е откриена
Доказите пронајдени во близина на неодамнешно дело на Бенкси, откриваат како мистериозниот уличен уметник никогаш не е забележан додека ги црта своите неверојатни графити.
Бројни улични дела неодамна се појавија на источниот брег на Англија, предизвикувајќи сомневања дека Бенкси отишол на одмор во Источна Англија и ги почестил жителите со некои нови креации додека бил таму.

Подоцна уметникот ја презеде одговорноста за уметничкото дело во видеото на Инстаграм насловено како „Големо британско прскање“, но со се` повеќе уметнички дела кои се пронајдени на бројни различни локации, се поставува прашањето: како уметникот не бил забележан?
Бенкси даде увид во неговите методи и објасни како поставува голем ветробран за плажа за да прикрие дел од неговата работа на мал ѕид, но методот не е погоден за некои од поголемите дела.
Страницата Urban Art Club откри дека за ова конкретно уметничко дело Бенкси имал сличен аранжман како со ветробранот, само со многу поголеми размери.

Во видеото објавено оваа недела се тврди дека се пронајдени докази за неговиот метод кој вклучува прицврстување на голема церада за метално скеле.
Скеле и церада биле забележани на местото на сликањето на галебот, и по се изгледа уметникот го користел овој метод за да се сокрие додека работи.

Галебот е една од трите креации на Банкси во градот Ловестофт, Сафолк, а Советот на Источен Сафолк увери дека сите тие ќе бидат заштитени.

Сликата се наоѓа на страната на куќата на патот Данска во Катвик Веј, Лоустофт.
