Тајни места во светот во кои не смеат да влегуваат обичните смртници

Елитни клубови, владини организации, тајни простории и слично … На многу места во нашиот свет, 99,99 проценти од нас никогаш нема да имаат шанса да ѕирнат, па да поминеме низ некои од нив.

Соба 39 (Северна Кореја)

Дали мислевте дека е можно да се зборува за вакво нешто без да се спомене Северна Кореја? Соба 39 е име на севернокорејска организација која постои од 1970 година и се верува дека служи за вршење валкана работа за владата. Се верува дека во нивните штабови се разменуваат девизи и се продава оружје, и ако по некоја случајност го видите тоа ќе треба да правите нешто незаконско или пак тоа ќе биде последната работа која што ќеја видите.

„White’s Gentlemen’s Club“

Најексклузивниот клуб во Англија е основан уште во 1693 година. Клубот е, меѓу другото, познат по својата книга во која се опишуваат облози, но не и какви било, туку сосема бизарни. На пример, еднаш бил направен облог од 3000 фунти на капка дожд и требало да се погоди која капка ќе падне најбрзо од прозорецот! Жените не смеат да влегуваат, а за да станат дел од клубот, најмалку три члена треба да ве поканат внатре …

Метро 2

Тајната линија на метро се наоѓа на 200 метри под прометните московски улици. Тунелот (метро) е изграден за време на Сталин и го поврзува Кремљ со други важни точки на градот, како што е аеродромот. До тунелот, а со тоа и до метрото, може да се стигне само со специјална владина дозвола …

Мормонска пештера

Сместена е во близина на Солт Лејк Сити, во гранитните планини на длабочина од 180 метри. Но, влезот е скоро невозможен за пробивање, а ако го сторите тоа, со оглед на тоа што го чуваат луѓе со оружје, ќе ви биде тешко да влезете. Тука мормонската црква ги чувува најважните богатства и списи од нејзината историја, и што друго може да се најде внатре е тешко да се каже.

Тајни архиви на Ватикан

Само папата и високите црковни великодостојници можат да влезат во тајните архиви на Ватикан. Тие се долги неверојатни 84 километри и содржат милиони и милиони документи. Некои се стари повеќе од 1.200 години, па затоа, кој ќе влезе во архивата, има шанса да открие голем дел од црковната историја на еден сосема поинаков начин.

Клуб 33

Или, целото име Дизниленд Клуб 33 е основано за највлијателните бизнисмени, познати личности и политичари. По отворањето, 33 лидери на најсилните светски компании имаа пристап до него, па оттука и името, а за да влезете денес, треба да платите 30 000 долари и да чекате да ве примат скоро 15 години!

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.