Тајните подземни одаи на Колосеумот во Рим кои имале многу интересна намена се отворени за јавноста прв пат по 2 000 години
Подземните одаи на Колосеумот во Рим, познати како „хипогеа“, некогаш биле „дом“ на гладијаторите и животните кои се бореле во арената, а сега туристите ќе имаат можност да ги посетат за прв пат по 2000 години.
Потребната реставрација траеше 10 години и не беше едноставна. Првичните планови беа формулирани од италијанскиот директор на модната марка Tod’s, Диего Дела Вале и Одделот за археолошко наследство во Рим во 2011 година.
Проектот во кој Тод вложи 25 милиони евра започна со чистење на фасадата пред експертите да заминат под земја. Откако беа под земја, археолозите, архитектите и инженерите се обидоа да направат фотографски истражувања и мапирање на површината.
Конечно, багерите продолжија со долгиот процес на чистење и миење на подземните одаи, кои имаа дебели слоеви на нечистотија и микроорганизми.
Говорејќи за значењето на реставрацијата Алфонсина Русо, директор на Археолошкиот парк Колосеум изјави:
„Оваа реставрација е многу важна за археолошките истражувања, бидејќи ни овозможува да ја реконструираме историјата“.
Минатиот месец, италијанското Министерство за култура објави дека има намера да изгради дрвена арена што ќе ги покрива подземните одаи, давајќи идеја за тоа како била структурата порано. Оваа нова област ќе се користи за настани, кои несомнено ќе бидат помалку крвави од минатото.