Тајните значења зад најпознатата песна на System of a Down – „Chop Suey!“

На прв поглед, „Chop Suey!“ може да биде име на популарно кинеско јадење од месо, зеленчук и ориз, особено омилено кај американските имигранти. Но, за милиони фанови на рок музиката, овие два збора значат нешто сосема друго – култната песна на System of a Down од албумот “Toxicity”, објавен на 13 август 2001 година.

Токму таа песна ја донесе првата Греми номинација на групата и е рангирана на врвот на листата за најдобри хард-рок песни на 21 век според Loudwire. Сепак, по нападите на 11 септември, текстот на песната почна да се толкува поинаку. Некои ја сметаа за пророчка, други – за опасна. Радио станиците под капата на Clear Channel Radio дури ја прогласија за „непожелна за емитување“.

 

Тајните значења зад најпознатата песна на System of a Down - „Chop Suey!“

Но, што всушност значи „Chop Suey!“?

И покрај тоа што членовите на SOAD никогаш не дале официјално објаснување, многумина ја гледаат како интериорен монолог на личност пред самoyбство – чин што се поистоветува со лицемерие, бидејќи, според христијанската традиција, Бог не ја прифаќа душата на самoyбиецот.

Песната ја отвора култниот крик „Wake up!“ – кој и денес фановите му го довикуваат на Серж Танкјан, барајќи од него повторно креативно будење и нов албум со групата. Но, Серж како и останатите членови, одамна се свртени кон соло-проекти. Единственото заедничко дело од 2005 година наваму е двојниот сингл „Protect the Land / Genocidal Humanoidz“ од 2020 година – создаден по иницијатива на Дарон Малакјан за конфликтот во Нагорно Карабах.

 

Но, што всушност значи „Chop Suey!“?

Текстот на „Chop Suey“

Најмрачните стихови од „Chop Suey!“ се вртат околу теми на разочараност, напуштеност од Бог, вина и смрт:
I don’t think you trust / In my self-righteous suicide
Father, into your hands / I commend my spirit
Why have you forsaken me?

Парафразата на библискиот стих ја открива длабоката внатрешна борба на лирскиот субјект: тој знае дека е на работ, свесен е за гревот, но сè уште вика кон Бога.
Затоа „Chop Suey!“ не е само песна. Таа е крик. И симбол на изгубена надеж. Таа не е „рецепт“ за разбирање, туку простор за лична интерпретација – како и секое големо уметничко дело.

Текстот на „Chop Suey“

Сè додека System of a Down молчи, оваа песна останува нивниот најгласен глас.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *