Таксист доби огромно благодарам за своите несебични дела, кои ги прави за време на пандемијата
Несебичноста и хуманоста е карактеристика на најдобрите, а токму таков е и овој таксист кој не сакал неговото име да биде откриено. Таксистот постојано возел пациенти од и до болницата во Шпанија без да им наплати за услугата. Тој започнал со неговиот неверојатен гест откако започнала и пандемијата со коронавирусот.
Така персоналот на болницата одлучил да го прогласи за херој, затоа што навистина е тоа. Тие му се јавиле на телефон и му кажале дека треба да превезе пациент, а кога влегол во болницата добил огромен аплауз, но и плик во кој имало одреден износ на пари, како надоместок за неговите услуги, за кои тој никогаш не побарал пари ниту од пациентите, ниту од болницата.