Талибанците во Авганистан ја претставија честа на нацијата: првиот Авганистански СУПЕРАВТОМОБИЛ „Мада 9“, кој изгледа супер, ама како ќе движи?

Талибанците го претставија првиот суперавтомобил дизајниран и произведен во Авганистан.

 

 

Агресивниот и елегантен прототип на спортски автомобил „Мада 9“ е кулминација на петгодишниот дизајн и развој предводен од 30 инженери од производителот „ENTOP“ и Кабулскиот Технички стручен институт во Авганистан (ATVI).

Неговите можности на патот остануваат да се видат допрво- возилото е неподвижно во речиси сите снимки кои кружат на социјалните мрежи, а „ENTOP“ не објави никакви податоци за перформансите.
Малку е веројатно дека ќе им конкурира на „Бугати“ и „Мекларен“ со тимот зад „Мада 9“ кој тврди дека неговиот мотор е како моторот на „Тојота Корола“.

 

 

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид гордо објави слики од автомобилот на социјалните мрежи и рече дека неговата изградба е „чест“ за целата земја.
„Би сакал да му се заблагодарам на Одделот за стручно образование, под нивниот надзор, на земјата и се пружаат вредни услуги“, напиша тој на „Твитер“.

 

 

Министерот за високо образование на Талибанците Абдул Баки Хакани одржа страстен говор на претставувањето на автомобилот во седиштето на „ЕНТОП“, возвишувајќи ги научните вредности на Авганистан и тврдејќи дека автомобилот е доказ за посветеноста на режимот да обезбеди „верски и модерни науки за својот народ“.

Во меѓувреме, извршниот директор на „ENTOP“, Мохамад Риза Ахмади, изјави за „TOLO News“ дека се надева дека суперавтомобилот ќе им ја пренесе вредноста на знаењето на луѓето“ и ќе помогне да се зајакне имиџот на Авганистан на светската сцена.

Во твитот објавен од Ахмади на новогодишната ноќ пишува: „Многу му благодарам на Бога што успеав да ја завршам изградбата на првиот автомобил во Авганистан“,

Веста за суперавтомобилот беше дочекана со многу пофалби во Авганистан и корисниците на социјалните мрежи со нетрпение споделуваа слики од возилото тврдејќи дека тоа е доказ за научните и технолошките способности на нацијата.

 

Но, многу повеќе корисници истакнаа дека суперавтомобилот беше претставен додека Авганистан се бори со една од најтешките хуманитарни кризи во светот, односно додека жените во Авганистан се соочуваат со огромни предрасуди.

Талибанците „преку нивните претставници ветија дека нема да има забрана за образование на жени или работнички, рече Јан Егеланд, генерален секретар на независниот Норвешки совет за бегалци (НРЦ).

Тврдокорните исламисти ја презедоа власта во август 2021 година, ветувајќи помека верзија на нивното брутално владеење од 1996-2001 година, кое беше озлогласено за кршење на човековите права.

 

  • МаНгА напиша:

    Е не. Овие нашиве пред 20 години со една “СОЛЗА” сакајки да се пофалат на саем за возила ама напраено беше само од глина како модел. И сега ги оговараме Талибанците. Или можеби е љубомора з’ш тие да имет возило а ние голтари немаме ништо.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *