Татко ја сподели „листата за подготовка“ на својата ќерка за да ги предупреди родителите да не креваат паника кај децата за пандемијата

Еден татко во Австралија го сподели листот за подготовка за самоизолација на неговата ќерка, докажувајќи дека паниката кај некои возрасни може да има негативно влијание врз нивните деца.

Грег Хјуз, од Перт, тврди дека возрасните не треба да зборуваат премногу за пандемијата дома, бидејќи е очигледно дека воочената паника околу неа се одразува кај децата.

Списокот, креиран од осумгодишната Оливија, беше споделен на Фејсбук профилот на Грег. Листот на Оливија е поделен на три дела како да се подготви, нејзиното хоби и како се чувствува.

Во списокот на Оливија стои:

  • Подготви залихи
  • Пронајди работи со кои ќе се занимаваш
  • Миење на раце
  • Обиди се да не го допираш лицето
  • Не оди во собите на другите луѓе
  • Обиди се да бидеш на метар од сите
  • Не оди на големи настани

Моите Хобија

  • пишување приказни
  • читање
  • цртање…

Моите чувства

Се чувствувам малку исплашена и добро исто така, но секогаш се чувствувам подобро кога ќе помислам „ниту едно дете нема умрено од него“ но треба да ни дадат слободни денови.

Разбирливо е да се грижите за коронавирусот како Оливија, но важно е да не се предаваме и да веруваме само на информации овозможени од веродостојни извори.