Татко ѝ подарил на ќерката амајлија за среќа, која всушност можела да ја убие

На аеродромот Далијан во северо-источната кинеска провинција Лиаонинг додека човек поминувал низ проверки се вклучиле неколку аларми.

Аеродромската полиција решила да открие што се случува и ставиле крај на приказна која можела да заврши многу полошо.

Кај човекот пронашле амајлија во форма на диск за која човекот кажал дека ја купил за неговата ќерка како сувенир кој треба да ѝ донесе среќа во животот. Царинските службеници на Далијан сфатиле дека предметот – наречен „пет-елементен протонски резонатор на енергија“ – дава 112,4 микроелектрици на зрачење на час, што е еквивалентно на приемот на 11 стоматолошки зраци во исто време.

Според извештаите, изложеноста на 100.000 микросиверти годишно е најнизок праг на ризик од карцином, а акумулираните 1.000.000 микросиверти ќе доведат до фатален карцином кај еден од секои 100 изложени лица.

Аеродромските власти соопштија дека мажот до дал радиоактивниотдиск со радиоактивен ториум-232 и ураниум-232 на неговата млада ќерка – иронично, за да ја заштити и да ѝ донесе среќа. Кога властите му кажале што всушност се случува на него му текнало дека на неговата ќерка често почнал да ѝ тече крв од нос во изминатите 3 месеци откако ѝ го подарил дискот.

Полицијата секако го одземала „несреќниот“ предмет.