Татко ѝ признал на својата ќерка дека бил насилник во училиште и реши да му се извини на момчето кое го малтретирал

Иако е тешко да се поверува во тоа децата често можат да бидат многу сурови едни кон други. Физичкото и психичкото насилство во училиштата не е нешто непознато и за жал сѐ уште не е искоренето. Луи Амундсон сега е мирољубив семеен човек кој има сопруга и 10-годишна ќерка. Сепак еден ден кога неговата ќерка го прашала дали некогаш малтретирал некого на училиште тој не сакал да ја лаже и ѝ признал.

За да ѝ одржи лекцира решил првин да му пише порака на Чед Морисет и да му се извини за она што го направил пред 20 години. Чед имал толку тешко детство во малиот град во Алјаска, што си заминал веднаш по завршување на средното училиште и 20 години не ни помислил да се врати.

Луи не бил единствениот кој го малтретирал Чед, како што вели тој: „Го малтретирав детето кое сите го малтретираа.“ Луи му напишал во пораката дека би му се извинил и лично доколку е во државата, Чед го прифатил извинувањето и решил по толку време да се види со Луи. Еве како помина нивната средба: