Татко алкохоличар целосно се откажал од алкохолот, откако го видел своето селфи

Поранешен алкохоличар, кој пиел повеќе од една флаша виски на ден решил да остане трезен до крајот на животот откако го видел своето ужасно селфи, кое му ги отворило очите за тоа што си прави на себе и луѓето околу него.

47-годишниот Џин Дејвис од Кваман, Велс, со децении се борел со алкохолизам, што го чинело неколку работни места, љубовни врски, па и неговиот брак.

Селфи фотографијата кој ја направил ноќта кога бил однесен во болница затоа што паднал од кревет му било главен поттик да сврти нова страница. Несреќата се случила додека Џин престојувал во домот на негов пријател бидејќи бил избркан од семејната куќа токму поради проблемите со алкохолот.

Тој спиел во соба во која имало кревети на спрат и тој го зафатил горниот кревет. Но, бидејќи бил пијан и сонлив кога тргнал да оди во тоалет заборавил дека е на вториот кревет и паднал како камен на земја, а пред тоа удрил со главата во фиоки. Кога видел што направил сфатил дека мора да оди во болница.

Џин почнал да пие уште кога свирел во бенд за време на тинејџерските години. Иако тој не го криви рокенролот вели дека бил под притисок да го одржува имиџот на „рокерски тапанар“. Од неговата несреќа пред 18 месеци тој престанал да пие целосно. Тој сега се фокусирал на тоа да биде добар татко и да го доведе животот во ред.

Моментално работи во кујна во индиски ресторан и вели дека иако тоа е ситна работа нема многу стрес и тој е задоволен со тоа. Исто така вели дека не жали премногу за годините што му поминале бидејќи да не се одвивале работите така не би ја запознал Вик, неговата поранешна сопруга и не би го добиле нивниот син.