Татко дознал дека неговата ќерка скришно доведува момчиња дома и реши да ја казни на урнебесен начин
Кога Тања Форд и Лери Сампер откриле дека нивната 15-годишна ќерка, Маделин „шверцувала“ момчиња на пижама забава со пријателките во нејзиниот дом, решиле да ѝ понудат два вида на казни, а таа да избере една.
Тие ѝ кажале дека може да биде еден месец без телефон или две недели без телефон, но тие да имаат контрола врз нејзините социјални мрежи. Како и секоја зависна тинејџерка од телефони Маделин ја избрала втората опција. Но, очигледно таа не знаела што значи тоа „да имаат контрола“ врз социјалните мрежи.
Девојчето од Тексас брзо зажалило за одлуката откако нејзиниот татко почнал да објавува фотографии и видеа на Инстаграм и ТикТок, во „улога на Маделин“. Дури и соучениците и пријателите на девојчето почнале повеќе да ги следат објавите на нејзиниот татко и тој веднаш ѝ ги „окупирал“ социјалните мрежи во стил на вистинска тинејџерка.
Лери вели дека веднаш по првиот ден од „преземањето“ ќерка му велела дека се предомислила и дека ја сака првата опција, но тој ѝ кажал дека има „премногу идеи“ кои „мора“ да ги реализира.