Татко и синови од САД се уапсени затоа што продавале смртоносен „чудотворен лек“ против коронавирусот
Многу луѓе имаат семејни бизниси, но оваа смејство навистина нашло начин како да профитира од маката на не толку паметните луѓе. 62-годишниот Марк Гренон и неговите синови Џонатан, Џордан и Џозеф се обвинети за заговор за измама на САД, заговор за кршење на Федералниот акт за храна, лекови и козметика и за кривично дело во федералната кривична пријава поднесена минатиот месец.
Марк и Џозеф биле уапсени од колумбиските власти во градот на плажа Санта Марта и сега се соочуваат со екстрадиција во САД како резултат на обвиненијата.
Марк Гренон и 32-годишниот Џозеф се обвинети за дистрибуција на „Чудотворен минерален раствор“, направен од хлор диоксид, од Колумбија до клиенти во САД, Колумбија и Африка. Обвинителот тврди дека седуммина Американци починале од внесувањето на супстанцијата.
Марк е само-стилизиран „архиепископ“ на „црква“ во Флорида позната како црква на здравје и исцелување „Битие II“. Обвинителите велат дека „црквата“ е лажно религиозно тело создадено во обид да се избегне владината регулатива.
Тие тврделе дека со пиење на растворот можат да се излечат скоро сите болести, вклучително и СОВИД-19, карцином и ХИВ / СИДА, како и Алцхајмерова болест, мултиплекс склероза и аутизам.
Кога полицијата извршила рација на црквата пронашле 50 галони мурична киселина, 22 галони од готовиот раствор и голема количина на натриум хлорит. Во април Марк дури му пишал на претседателот на САД, Трамп, да го прифати растворот среде пандемијата на коронавирус и тврдејќи дека тој може да го ослободи телото од коронавирусот.