Татко има совршен одговор секој пат кога сопругата ќе го праша: „Дали е се` во ред со децата“, додека тој ги чува
Сите ние имаме една личност во нашите животи која е „тотален татко“. Знаете што сакам да кажам, тие постојано кажуваат шеги и прават се` што можат за да им го разубават денот на сите на свој уникатен начин. Таткото на две деца, Кени Деус, од Антверпен во Белгија, е „тотален татко“ на најдобар можен начин.
Секогаш кога Кени се грижи за неговите деца, сопругата му се јавува да го праша дали е сe` во ред, и тоа по неколку пати во еден час. Затоа Кени, кој го сака хуморот, се сети на брилијантна идеја. Тој почна да работи со фотошоп и да ги преуредува фотографиите кои му служат како одговор секогаш кога сопругата ќе го праша: „Дали е се` во ред со децата?“























