Татко ја истетовирал азбуката на раката, за неговиот невербален аутистичен син секогаш да може да комуницира со него

45-годишниот Ден Харис ја направил тетоважата левата подлактица пред две недели, откако се загрижил дека Џоши (10) нема секогаш да му кажува што сака без неговиот комуникациски уред.

 

Детето, на кое му бил дијагностициран аутизам кога имал две години, користи iPad, познат и како неговиот „зборувач“, за да ги пренесе своите потреби, користејќи едноставни зборови и слики.

Но, Ден – кој е од Питерборо – сакаше да се увери дека неговиот син секогаш ќе може да ги искаже неговите чувства, дури и ако технологијата се потроши, се оштети или се изгуби.

„Џоши доаѓа во мојата соба и наутро прво ми ја допира раката за да провери дали тетоважата се уште е таму“, открива таткото.

„Тој сè уште учи дека тоа е трајно и дека не исчезнува. Може да го напише моето име, неговото име или да каже што мисли. Ќе покаже на буквите и ќе изгради основна реченица од неколку зборови“.

 

Ден вели дека „зборувачот“ на Џоши останува без батерија и станува проблем. Во еден пример, кога биле на плажа во Шкотска, уредот требало да се полни, а семејството било „навистина тажно што Џоши бил вознемирен“.

„Тој очајно се обидуваше да ни каже што сака. Кога дојдовме дома и го наполнивме, тој ни рече дека сака сладолед, но моментот помина бидејќи ние си заминавме“, објасни тој.

 

„Зборувачот“ на Џоши користи зголемена и алтернативна комуникација (AAC) за која Ден рече дека го „трансформира“ неговиот живот.

Сепак, тетоважата со азбука е уште еден „комплементарен“ начин на кој Џоши може да се изрази ако iPad-от се изгуби, оштети или не може да се користи.

Ден рече дека кога бил помлад, неговиот син комуницирал преку физички дејствија и ќе те влече кон она што го сака.

„Пред зборувачот, тој беше неверојатно фрустриран што не можеше да ни ги каже своите желби, но сега може. Воодушевени сме што неговите когнитивни способности не се затворени во неговата глава и тој може да комуницира на одреден начин.“, објасни тој.

 

 

Таткото на две деца објасни како зборувачот на Џоши може да му помогне „елоквентно“ да ги комуницира своите потреби додека тетоважата е резервна копија – како и начин за вежбање правопис.

„Тој ни вели дека сака „сладолед“ и може да го напише на мојата рака“, рече Ден.

„Тој почнува да ги собира тие букви за да го каже зборот. И покрај тоа што децата како Џоши можеби не можат да вербализираат, тие можат да спелуваат и знаат што сакаат – разбираат“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *