Татко ми купи Биткоин на 89 години – и јас сфатив дека криптовалутите во 2026 стануваат како златото: Ерата на дигиталниот имот е тука и паметните ќе бидат дел од неа
„Една од последните работи што ги направи мојот покоен татко, пред да почине на 89 години, беше да инвестира во Биткоин. По години скептицизам, не разбирајќи што претставува Биткоин, конечно увиде колку е важна криптовалутата и каде оди светот. Таа не е само краткотрајна еуфорија, ниту финансиски меур — денес таа е вистинска алтернатива на златото и берзата. Татко ми како и секогаш беше чекор пред времето. Оваа година милиони ќе го следат: криптовалутите влегуваат во мејнстримот.“ – Вели Вил Нутинг, долгогодишен инвеститор и автор кој од 1990-тите ги следи и анализира американските и глобалните финансиски пазари.
Содржина:
- Криптовалутите не се готовина, туку дигитален имот кој вреди како недвижност: Заборавете на епитетот „валута“
- Се навикнавме на дигитални средства: Парите денес се невидливи и доверливи, баш како криптовалутите
- Криптовалутите се легализирани и штитени: Нема повеќе изгубени лозинки, штотуку станаа досадно сигурни
- Биткоинот е најуспешниот имот на сите времиња: Од 100 долари во милиони евра и вкупна вредност од 2.370 милијарди фунти
- Јавноста бега од „брзо се збогати“ имиџот: Крипто е сега како нискобуџетна авиокомпанија – практична, здодевна, но непобедлива
- Дебатата за енергијата е пресвртница: Криптовалутите претвораат непотребна струја во трајна вредност
- Биткоин е глобален и недопрен од политиките: Вашето богатство е заштитено од инфлација, девалвација и глупости на владите
- Криптовалутите ќе го променат светот: Сега е моментот – вредноста може да порасне трипати до 2029 година
Криптовалутите не се готовина, туку дигитален имот кој вреди како недвижност: Заборавете на епитетот „валута“
Зборот „криптовалута“ всушност им штети на Биткоин и сличните монети. Овие дигитални токени не се валута што ја носите со вас во џеб. Никогаш нема да одите во супермаркет и да плаќате со крипто-монета. Крипто не е готовина — тоа е богатство. Како да поседувате стан од милион евра. Ако платите занаетчија, нема да му префрлите дел од вашиот имот, иако вредноста е иста. Инвестирањето во криптовалути е како купување недвижност – тоа е долгорочна вредност, дигитален имот.
Се навикнавме на дигитални средства: Парите денес се невидливи и доверливи, баш како криптовалутите
Дури и ако не го разбирате терминот „дигитален имот“, веќе му верувате: управуваме со финансии преку телефони, апликации и веб-сајтови. Никој повеќе не чека ред во банка со чек-книга или со кеса со ситно. Златото ретко го држиме во раце, а и сопственоста на акции е само запишана во дигитална форма. Биткоин, Етериум, Солана, Тетер и XRP денес се стабилни како банкарските апликации. Времево на финансиски авантури помина.
Криптовалутите се легализирани и штитени: Нема повеќе изгубени лозинки, штотуку станаа досадно сигурни
Од 2024 година криптовалутите добија статус на главна струја. Американската SEC го признае Биткоин како стока, а најчестиот пристап се преку регулирани ETF-фондови. Во Англија, Велс и Ирска, дигиталните средства сега се признаваат како личен имот. Ова навидум нерегулирано поле конечно порасна. Системите се сигурни, проверени, а заштитата од хакери е подобрена. Криптовалутите веќе не се тема на хорор-приказни – тие се здоени, досадни, а најважно: безбедни.
Биткоинот е најуспешниот имот на сите времиња: Од 100 долари во милиони евра и вкупна вредност од 2.370 милијарди фунти
За многу инвеститори, криптовалутите веќе донесоа огромни добивки. Во последните 15 години, Биткоин е најуспешниот финансиски инструмент во светот. Ако во 2011 година сте купиле Биткоин за 100 долари, денес би имале околу 6.765.500 долари (5 милиони фунти). Денес целокупната вредност на сите дигитални средства е 3,2 трилиони долари (2.370 милијарди фунти). Летото 2024, вредноста на Биткоин, поттикната и од поддршката на Доналд Трамп, достигна 120.000 долари за една монета.
Јавноста бега од „брзо се збогати“ имиџот: Крипто е сега како нискобуџетна авиокомпанија – практична, здодевна, но непобедлива
Големите скокови во цените придонесоа за имиџот на ризичен и нестабилен имот, наменет за коцкари и авантуристи. Но вистината е поинаква. Криптовалутите не се како Конкорд – тие се како ефтини авио-компании: не се гламур, но се релано и сурово фокусирани на работа. Како што ефективните авиокомпании ја завладеаја индустријата, така и криптовалутите ќе го освојат финансискиот пазар.
Не морате да разбирате како работат хеџ-фондовите за да вложувате во ИСА. Истото важи за блокчејн или NFT – никој не бара од вас експертиза за да инвестирате во ова поле.
Дебатата за енергијата е пресвртница: Криптовалутите претвораат непотребна струја во трајна вредност
Критичарите на криптовалутите постојано повторуваат дека нивното создавање троши многу електрична енергија. Само Биткоин троши годишно колку цела Полска. Но тука лежи шанса: за првпат во историјата, вишокот енергија може да се претвори во пренослива вредност. Златото тоа не може. Во Тексас во 2024 година осум теравати од зелени извори се загубија затоа што не беа потребни. Истата приказна се случува и во Бразил. Криптовалутите можат да ја апсорбираат таа енергија и да ја претворат во нешто трајно.
Биткоин е глобален и недопрен од политиките: Вашето богатство е заштитено од инфлација, девалвација и глупости на владите
Најубавото кај Биткоин е дека не е контролиран од ниедна држава и не зависи од политички одлуки. Тоа го прави инвестиција која не може да биде девалвирана од централни банки. Локалните економии може да пропаднат, инфлацијата може да избега од контрола, но криптовалутата стои над сето тоа. Ова е точката кога би советувал секој мал инвеститор да размисли за вложување – не станува збор за авантура, туку за паметно распределување. Како осигурување од идни ризици. 5% од портфолиото е доволно за да бидете заштитени.
Криптовалутите ќе го променат светот: Сега е моментот – вредноста може да порасне трипати до 2029 година
Криптовалутите ќе го сменат светот како што тоа ѝ успеа на компјутерите во осумдесеттите или на интернет-гигантите во 2000-тите. Секој што вложи во Microsoft или Apple тогаш, денес пожнеа успех. Имаме шанса за истото – според авторот, 3,2 трилиони долари денешна вредност на крипто-имотите може да достигнат 10 трилиони долари за само три до пет години. Ова е реална и остварлива шанса.
Вил Натинг е основач на Nutstuff, инвестициски билтен.

Коментирај анонимно