Татко на годината: Му направил на својот 4 годишен син минијатурна верзија од семејниот Ленд Ровер

Четирогодишниот Сидни е во фаза од животот кога е опседнат со автомобили. Неговиот татко Ричард Јјоменс (48) потроши околу 500 фунти за да му направи играчка која може да се вози и достигнува брзина од 8 км/ч. На креативниот татко му требаа само два месеци за правењето на минијатурната верзија од Ленд Роверот.