Татко направил листа со оценки за сите филмови што некогаш ги гледал во животот – еве кои се според него топ 10 на сите времиња

Еден татко решил да направи „Excel” табела што содржи негови лични оценки за сите филмови што ги гледал некогаш во животот. Да бидеме реални, татковците ширум светот би сакале да го направат ова. Само размислете на вашиот татко и знајте дека одлично ќе се забавува со пополнување на табела од ваков тип.

Ова беше споделено на интернет од профилот @plantitpholiage.

 

 

Табелата, исто така, вклувала дел со оценки од „Rotten Tomatoes”, имињата на главните ѕвезди на филмовуте и сите други забелешки за него, како на пример дали е дел од франшиза или добил награда, и секоја година печател нова и ажурирана верзија на табелата.

Гледајќи низ табелата, се чини дека тој не е најголемиот обожавател на филмови како „27 фустани“, „Добри момчиња“ или „Брзи и бесни: Токио дрифт“, од кои сите добија оценки 4 од 10. Меѓутоа, во друго видео беа споделени и најдобрите 10 филмови на сите времиња според таткото.

Топ 10 филмови на сите времињa:

Кум (1972)

Кинематографско ремек-дело кое го редефинира криминалниот жанр и длабоко истражува теми како семејство, лојалност и моќ.

Листата на Шиндлер (1993)

Срцепарателната приказна на Стивен Спилберг за Холокаустот, која ја истакнува човечноста во незамисливи ужаси.

Криминално четиво (1994)

Неконвенционалниот наратив и острите дијалози на Квентин Тарантино го прават овој филм современ класик во криминалниот жанр.

Искупувањето на Шоушенк (1994)

Приказна за надеж и издржливост во затворски амбиент, со незаборавни изведби на Тим Робинс и Морган Фримен.

Казабланка (1942)

Вечната романтична драма со незаборавни реплики и воена интрига во позадина.

Почеток (2010)

Истражувањето на Кристофер Нолан за соништата и реалноста, со неверојатни визуелни ефекти и напната музика.

Паразит (2019)

Мрачниот комичен трилер на Бонг Џун-хо кој прецизно и шокантно ја обработува класната нееднаквост.

Темниот витез (2008)

Суперхеројски филм кој го подигна жанрот на ново ниво благодарение на маестралната изведба на Хит Леџер како Џокер и силната режија на Нолан.

Форест Гамп (1994)

Топла приказна за извонреден, но едноставен човек, маестрално одигран од Том Хенкс, вплетен во клучни историски моменти.

Граѓанинот Кејн (1941)

Често сметан за еден од најдобрите филмови на сите времиња, револуционерното раскажување и кинематографија на Орсон Велс остануваат иконски.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *