Татко од Велика Британија ослабел третина од своето тело и го откри едноставниот спортски трик што му го променил животот
Крис Мартин (39) од Сафолк изгубил третина од својата телесна тежина за помалку од една година, откако конечно решил да направи промена поради лошото чувство на сопствениот изглед и здравје. Во најтешката фаза тежел 152 килограми, а нездравата исхрана и недостатокот од физичка активност му станале секојдневие.
„Се чувствував како чудовиште,“ изјавил Крис, кој бил загрижен кога не можел да учествува во трка на спортскиот ден на своите деца. Тогаш налетал на иницијативата Man v Fat на Фејсбук — фудбалска лига специјално наменета за мажи кои сакаат да ослабат. Играат шест-на-шест мечеви, а тежинскиот напредок на играчите исто така се бодува, што ја прави играта мотивациска.
Животот некогаш и сега
Придружувањето во тимот од Кембриџ не било лесно — „на првиот натпревар се задушував,“ вели тој, „но со време стана полесно и килограмите почнаа да паѓаат секоја недела.“
Освен фудбалот, добил и совети за здрава исхрана. Претходно јадел само еднаш дневно — главно брза храна — и грицкал колачиња во текот на денот додека работел како негувател.
„Не размислував за калории. Јадев пакет бисквити додека работев, немав време за вистински оброци. Не сакав да излегувам – чувствував дека сите ме гледаат.“
Со силен мотив возможни се и големи промени
Сега, благодарение на редовната активност и балансираната исхрана, тежи 105 килограми и станал капитен на својот тим.
„Сега јадам три здрави оброци дневно, не си ги ускратувам задоволствата, но уживам во зеленчук и нови рецепти,“ вели Крис.
Најголемата добивка за него не е само изгубената тежина, туку времето кое сега го поминува со своите три деца. „Можам да бидам татко повторно. Гордо е чувството да кажам дека успеав.“
Неговата приказна е инспирација дека со едноставни навики и вистинска поддршка, големите промени се можни.
Тешко е ова да го применат во пракса луѓе што не ги интересира спортот, туку ТикТок, ќебапи и пиво!
Шо би рекол еден екс колега од Куманово: „да ти еб# т’ј спорт к’д се потиш“ (типо обожаваше шах)!
Vatreni Poljubac – Jedan od sto
(album: “Kad svira rock’n’roll” – 2011 godina)
Ti gubis tlo,
ako nemas nikog do,
uspravi se negdje ti i vrati,
budi jedan od sto
Ref.
O, o, budi jedan od sto, o, o
o, o, budi jedan od sto, o, o
Коментирај анонимно