Татко орангутан ги изненади вработените во зоолошката, откако неговата партнерка починала

Некој ќе каже дека само ние луѓето имаме свест да размислуваме и да ја менуваме сопствената природа и дека животните се водени само од инстинкти. Но, секој ден се случува нешто што ни го докажува спротивното. Токму таков е и овој срцезатоплувачки пример.

Во дивината, татковците орангутани немаат директна улога во воспитувањето на нивните потомци. Во меѓувреме, се смета дека врската помеѓу мајка орангутан која го одгледува своето потомство самостојно е една од најсилните по природа. Всушност, мајките орангутани вложуваат повеќе време во секое потомство од било кој друг познат цицач.

Но, 2-годишната Кера остана сама откако нејзината мајка неочекувано почина минатиот месец во зоолошката градина во Денвер. И на потполно изненадување на членовите на персоналот, таткото на Кера, Берани, „се пријави“ за да ја преземе необичната работа самостојно – да ја воспитува својата ќерка како најдобриот татко што може да биде.

„Кера не можеше да побара подобар татко. Берани е толку внимателен и заштитнички настроен кон неа внимавајќи на сите нејзини потреби.“, велат чуварите на зоолошката градина. И неодоливите фотографии на таткото и ќерката како се прегрнуваат зборуваат погласно од сите зборови. Тие докажуваат дека љубовта прави чуда, лечи и создава уникатна врска што инаку не би била таму.