Татко пиел цели 12 часа па решил да си порача нешто за јадење, но никој не го очекувал ова

Да бидеме искрени, најдобриот дел од алкохолизирањето е по лудата вечер да земете да јадете нешто со 1.000 калории на кајот на вечерта, како на пример бурек.

Но, она што повеќето од нас го знаат премногу добро е фактот дека пијаните луѓе можат да изедат храна за една недела во една вечер. Сите сме биле таму.

Сепак некој знае и да претера, како на пример овој човек од Сандерленд, кој потрошил стотици евра на пилешко од Домино. Ли Румни излегол да го прослави раѓањето на неговиот 6-неделен син, Фреди. Откако добро се напил сфатил дека го заборавил клучот и ја замолил неговата сопруга Хана да го чека пред вратата.

26-годишната Хана одмарала дома со бебето, кога 29-годишниот Ли, дошол дома пијан. Тој ја известил Хана дека испораката од Домино е на пат и ја замолил да ја отвори вратата кога ќе пристигне. Но кога доставувачот заѕвонил на вратата и Хана отворила таа се шокирала кога здогледала 19 кутии во кои имало 189 парчиња пилешко. Нарачката на Ли чинела скоро 200 евра.

Тој всушност ја правел нарачката преку апликацијата на Домино и без да биде свесен си додавал од храната во кошничката. За среќа неговата сопруга ја видела смешната страна од приказната, но вели дека повеќе нема да му дозволи да ја користи апликацијата.