Татко поминал повеќе од 30 часа во болка, само за да го направи својот син посреќен

Посветен татко од Канада поминал повеќе од 30 часа правејќи тетоважа во обид неговиот син да се чувствува подобро во врска со неговиот белег од раѓање. Осумгодишниот Дерек Пру е роден со белег кој опфаќа голем дел од неговото торзо, а како што растел станувал посвесен за него и неговата самодоверба опаѓала.

Неговиот татко, Дерек Пру Постариот сфатил дека мора да направи нешто откако отишле на базен и неговиот син инсистирал да носи маица.

Тој го посети уметникот за тетовирање Тони Гиберт, сопственик на студиото за тетовирање Juicy Quill во Стони Плејн, Алберта и помина 30 часа во текот на скоро два месеци трпејќи ја болката со цел да ја зголеми самодовербата на неговиот син.

Малиот Дерек малку се посомневал кога неговата мајка побарала да му г фотографира белегот, но не се ни надевал дека неговиот татко прави сосема ист таков.

„Се сеќавам како прв пат влегов, легнав, а потоа после три, четири часа, јас реков ‘Дали сме готови веќе’, а Тони ми одговори ‘Да уште малку ќе ги завршиме контурите’. Некако мило ми е што не знаев колку време ќе трае.“, раскажува Дерек постариот.

Откако ја завршил тетоважата му ја покажал на својот син кој тогаш се играл во базенот. 8-годишното момче вели дека е среќно, но во исто време и збунето затоа што не знаело дека татко му ќе направи такво нешто. Исто така рекол дека повеќе нема да му е проблем да ја соблече маицата пред непознати кога ќе оди на базен или плажа.