Татко со Даунов синдром одгледал доктор и докажува дека со љубов сè е можно

Честа заблуда за луѓето со Даунов синдром е дека тие не можат да имаат деца. Жените со Даунов синдром можат да раѓаат деца, а во исклучително ретки случаи и мажите можат да станат татковци. Џад Иса, маж со Даунов синдром не само што добил дете со сопругата, туку и го воспитал да биде доктор.

Би сакале со нашите читатели да ја споделиме прекрасната приказна за ова семејство од Сирија, која докажува дека нема ништо помоќно од несебичната љубов.

Татко кој на своето бебе му ја пружил сета љубов на светот

Кога се родил синот на Џад, Садер, тој бил пречекан во семејството и, секако, разгален, исто како и секое друго дете во домот. Садер ни кажува дека се сеќава дека како дете се чувствувал многу сакан и дека неговиот татко поминувал време со него борејќи се и играјќи други игри.

Работел напорно за неговиот син да ги оствари своите соништа.

Имајќи големи соништа за својот син, Џад, кој порано работел во мелница за пченица, почнал да штеди пари за факултет. Тој направил се` што е во негова моќ за да го издржува своето семејство и според Садер, напорната работа и посветеноста на неговиот татко да му ја дале најдобрата можна иднина и го инспирирале да учи и да стане доктор. „Мислам дека ќе бев многу помалку возбуден за животот и многу помалку страствен со она што го правам, ако го немав мојот татко“, вели тој.

Тој е исклучително горд на својот син доктор.

Садер сега е стоматолог, што е една од најдобрите и високо платените работни позиции во Сирија, а среќата на Џад нема граници. Кога неговиот син сѐ уште студирал, Џејд запознавал нови луѓе велејќи им „мојот син е доктор“ со треперење во очите.

Семејството е жив доказ дека стереотипите треба да се рушат.

Зборувајќи за односот кој го делат неговите родители, Садер ни кажа дека и покрај тоа што се заедно со децении, љубовта меѓу неговата мајка и тато се` уште е како да се венчале вчера. Тие совршено ги разбираат меѓусебните потреби. Обожаваат да одат заедно на прошетки и понекогаш само седат и разговараат со часови.

Садер му ја дава заслугата зад неговиот успех на својот татко и признава дека е горд на својот татко како што и тој е горд на него.