„Татко ти да не е вајар?“: 15 најлоши машки фрази кои никогаш не „палат“ кај жените

Кога ни се допаѓа некој, постои одреден притисок дека првата реченица што ќе ја кажеме мора да биде голема. Запознавањето со некој нов носи со себе барем мала доза на страв од одбивање, а потоа во такви моменти може да се кажат неверојатни работи.

Можеби некои од овие веќе малку излитени реченици може да испаднат смешни и симпатични, но за некои навистина треба да има строга забрана. За сите жени кои се нашле во слична ситуација и се желни за малку смеа, собравме 15 бисери кои воедно се и најлошите упади досега.

1. Извини ти падна хартијата! Ах, тоа е само омотот во кој беше завиткана бонбонче.

2. Какво е чувството да се биде најубавата девојка на светот?

3. Умрев кога те видов затоа што не можам да дишам поради твојата убавина.

4. Мачко, дали сакаш да поминеш еден од твоите 9 животи со мене?

5. Не сум пијан, но твојата убавина целосно ме зашемети.

6. Извини, ќе можеш ли да ми го позајмиш мобилниот? Мајка ми ми рече да ѝ се јавам кога ќе ја пронајдам жената на мојот живот.

7. Ако изгледот би можел да убие, би била оружје за масовно уништување.

8. Ќе можеш ли да ми донесеш едно кафе, јако како мене и слатко како тебе.

9. Татко ти да не е вајар? Совршено си градена.

10. Еј маченце да се запознаеме, јас сум Вискас!

11. Да не имаш мапа случајно? Постојано се губам во твоите очи.

12. Дали татко ти е крадец? (Не е) Па, кој тогаш ги украде ѕвездите од небото и ги стави во твоите очи?

13. Дали си уморна? Можеби затоа што цела ноќ талкаше низ моите мисли.

14. Дали можеме да се запознаеме? Јас сум господин Вистинскиот. Некој ми кажа дека ме бараш.

15. Еј шеќерче не излегувај на сонце, можеш да се стопиш.