Таткото битбоксер и неговата ќерка прават одличен дует само со нивните усни

Оваа музичко дуо ќе ви го разубави викендот. Таткото е битбоксер кој воедно сака да ја расположи својата мала ќеркичка, но и да ја разбуди љубовта во неа кон битбоксот.

Очигледно е дека девојчето ужива во секој потег кој го прави нејзиниот татко и сѐ се сведува на чиста среќа и забава. Таткото и ќерката живеат во Амстердам, Холандија.