Таткото на годината им направил на своите деца базен во форма на пиратски брод, но љубоморните комшии го натерале да го сруши

На жителот на Торонто, Џон Константинидис, му биле потребни осум недели за да го изгради базенот во својот двор во предградието. Сепак, необичниот предмет во форма на пиратски брод морал да биде урнат по жалбите на соседите.

Само една недела по завршувањето на работата, на Константинидес му се обратиле претставници на локалните власти со наредба за демонтирање на објектот. Како што се испостави, тие добиле жалба од еден од соседите на човекот, според кој, базенот бил изграден премногу блиску до неговата ограда. Освен тоа, властите му нагласиле на таткото уште две работи, дека за изградба на базен треба посебна дозвола и дека за објект со толкава големина требало и дозвола за градба.

Веста за уривањето на пиратскиот брод била крајно вознемирувачка за неговите две деца. Тој бил револтиран од односот на соседите и вели дека тие најпрвин можеле да ги кажат незадоволствата во личен разговор. Сепак, човекот го демонтирал базенот, ја добил сета потребна документација и повторно го изградил во согласност со сите барања на надлежните. Така, на крајот приказната заврши добро.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *