Таткото на невестата имаше мааала незгода додека ја носеше до олтарот: „Како побогу се случи ова?“
Невестата од Њу Џерси не беше единствената која вцрвенуваше за време на нејзината венчавка – додека ја придружуваше нејзиниот татко по патеката, неговите панталони паднаа.
„До сите мои невести од 2024 година. Погрижете се кој и да ве води до олтар да носи каиш или трегери“ – 36-годишната Сара Грундман-Конорс ја започна својата ТикТок објава.
Сара на речиси 300.000 виртуелни гледачи им даде увид на модниот неуспех на нејзиниот 74-годишен татко за време на нејзината венчавка во 2021 година во паркот Асбери.
Во неверојатниот филм, тато Леонард Грундман не успева да ги прицврсти своите панталони пред да слетаат околу неговите глуждови. Но, сепак сигурни сме дека ѝ го направи одењето до олтар на Сара незаборавно.
Коментирај анонимно