Таткото, наставник по физика, можеби нема пари да му купи на синот Ламборгини, но има мозок да му го испринта на 3Д принтер

Наставникот по физика, Стерлинг Бакус и неговиот 12-годишен син Ксандер, си испечатија Ламборџини Авентадор со 3Д печатење во нивната гаража дома. Нивната приказна стигна и до италијанскиот бренд, кој реши да го сними своето божиќно видео со таткото и сонот во главната улога. Во видеото се раскажува приказната како 2 години заедно работеле на својот проект.

Неколку дена пред Божиќ, италијанскиот бренд одлучи да го изненади семејството и ја замени репликата со нов, вистински автомобил, во текот на ноќта, така што таткото ќе може да го изненади синот наредното Божиќно утро со вистинско Ламборгини.

„Компанијата Ламборгини е против секој обид за фалсификување. Сепак, оваa вистинска приказна за таквата автентична страст заслужува да биде споделена, па затоа избравме да го раскажеме проектот на Стерлинг и Ксандер во нашето Божиќно видео за 2019 година“, појаснува во изјавата Катиа Баси, директор за маркетинг и комуникации на компанијата.