Таткото смислил одличен начин како децата да останат мирни, а тој да си одмори

Историјата е полна со неверојатни татковци кои смислуваат забавни начини да ги забавуваат децата. Сепак, еве уште еден додаток на одличниот список на одлични татковци.

Овој татко смислил интересен начин како во исто време децата да бидат мирни, но и тој да си одмори по 12-часовната смена на работа.

Мајкл Вебер кој работи како медицински брат, неодамна имал 12-часовна смена на работа. Тој се вратил дома, но неговата сопруга морала да оди до супермаркетот и да купи неколку основни продукти. Бидејчи нивните четири деца знаат да бидат палави за време на посета на продавниците, Мајкл „волонтирал“ да ги причува додека таа пазари.

По некој час Моника се вратила дома и забележала необична сцена. Нејзиниот сопруг спиел на каучот, а 4-те деца седеле на земјата со молив и хартија во рацете и цртале. Првин не ѝ било јасно што се случува, но потоа ѝ објасниле дека „тато позира за нив“ и дека тие вежбаат „реализам во уметноста“.

Генијалниот татко како награда за најдобриот уметник ветил чоколадо, но очигледно знаеме кој е победникот тука, Мајкл успеа да „убие две муви со еден удар“.