Таткото виде како негувателката ја малтретира неговата ќерка и се врати да ѝ се „оддолжи“
Г-дин Ли од Кина ја однел својата мала ќерка во градинка Кингхуајао, лоцирана во Луди во централната кинеска провинција Хунан. Но, очигледно таму родителите имаат пристап до надзорните камери за да можат да гледаат што се случува со нивните деца. Тогаш тој бил сведок на малтретирањето на неговата ќерка од страна на воспитувачката.
Првин на видеото се гледа како воспитувачката, г-ѓа Ху му прети на девојчето со дрвен стап да ја облече престилката. Снимките потоа се префрлаат на друга сцена како друга воспитувачка го теши девојчето. Сепак, г-ѓа Ху наскоро се приближува повторно да се обиде да ја натера да ја облече престилка. Кога таа одбива, г-ѓа Ху насилно го тресе детето, злобно вртејќи ја престилка над главата.
Но, таа не знаела дека таткото е пред градинката и ги гледа камерите затоа што на неговата ќерка не ѝ било добро тоа утро и сакал да провери дали ќе ѝ стане подобро во градинката. Откако го забележал однесувањето на воспитувачката, Ли влетал во градинката и ѝ удрил шлаканица, ја клоцал и ја удрил Ху.
Според локалните власти кои ги уапсиле г-дин Ли и г-ѓа Ху, ниту една страна не се согласила да ја реши работата приватно, што можело да им дозволи да избегнат кривични пријави. Ли изјавил дека не го направил тоа затоа што воспитувачката не покажала каење.
Таа добила 15 дена затворска казна и требала да плати 60 евра, додека Ли добил една недела затворска казна и требал да плати 30 евра.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!