Татковската љубов е слепа: Девојка раскажува како татко ѝ ја прифатил без прашање иако таа е црна, а родителите белци

На денот кога Џорџина Лотон се родила во лондонската болница најнеобичното нешто за нејзиното раѓање бил недостатокот на драма кој вообичаено би бил дел од реакцијата. Нејзиното раѓање не предизвикало лути испрашувања или обвинувања од нејзиниот татко – само задоволство и неприкосновено прифаќање.

Сепак Џорџина не била бебето кое двајцата родители го очекувале. И двајцата биле бели, а девојчето со црна кадрава коса и големи црни очи без сомнение е од црната раса. Доколку Џим Лавтон мирољубив човек имал нешто против раѓањето на девојката пред 28 години тогаш тој тоа го задржал за себе.

Но, додека Џим ја прифатил ситуацијата неговата сопруга Колет се вознемирила. Нејзиното олеснување при раѓањето на здраво девојче било брзо узурпирано од срам и трепет. Таа веднаш знаела дека бебето е резултат од врска за една ноќ со црнец кој работел како бармен во паб во Шефард Буш точно 9 месеци претходно.

Колет имала грижа на совест од тој ден па наваму. Дури по смртта на нејзиниот сопруг на 55 години во 2015 година таа почнала да собира храброст да ја каже вистината. Џим целиот свој живот мислел дека Џорџина е биолошки негова ќерка. Во меѓувреме, една бабица им фрлила јаже за спас кое ја „објаснувало“ бојата на кожата на Џорџина.

„Причината поради која ова бебе е темно во тенот е поради далечен ген, од далечна лоза.“, рекла таа. Нејзиното објаснување им одговарало на сите, па така сите ја прифатиле приказната без да поставуваат повеќе прашања, а Џорџина ја учеле како да им ја објаснува својата приказна на другите.

Низ текот на нејизниот живот имало многу непријатности затоа што девојката во документите била наведена како личност од белаат раса. Дури еднаш нејзина професорка ја прашала зошто е тоа така и да се запрашала дали станува збор за грешка во болница или некој афера. Кога ова го пренела дома на родителите мајка ѝ кажала: „Радознала крава“. Исто така и на нејзиниот татко не му се допаднале овие испрашувања. Кога почнала да работи во кафуле клиенти црнци почнале да ѝ се додворуваат, а еден ја прашал дали има корени од Етиопија затоа што личи на девојките таму.

Иако цел живот не можела целосно да се помири пред смртта на нејзиниот татко побарала од него ДНК за да направи проверка, иако тој до самиот крај инсистирал дека е нејзин татко. Секако тестот покажал дека нема никакви шанси Џим да ѝ е татко на Колет. Тој починал без да ја дознае вистината, а девојката лута поради предавството на нејзината мајка заминала во САД да ја истражува нејзината биолошка култура.

По две години се вратила во Европа се смирила со мајка ѝ и успеала да дознае дека 43% е од Нигерија, но мајка ѝ не знаела буквално ниту една дополнителна информација за човекот со кој била една ноќ. Таа вели дека си ги сака родителите и нејзиниот татко Џим, но сепак се труди да го открие и нејзиниот биолошки татко.