Татко прави свој лек во очајнички обид да ја лекува фаталната генетска болест на синот

Татко од Кина очајнички се обидел да направи лек за својот двегодишен син кој има фатална здравствена состојба.

На младото момче, по име Хаојанг, му била дијагностицирана неизлечива болест наречена Менкес синдром.

Направен е експериментален лек против болеста, но тој не е достапен во Кина.

Последователно, Ксу Веи се задолжил да изгради домашна лабораторија за да се обиде сам да го направи лекот за неговиот син.

Според Националниот центар за науки,  Менкес е „наследна состојба која влијае на начинот на кој телото ги обработува нивоата на бакар во телото“.

Повеќето деца со Манкес имаат тешки симптоми кои водат до смрт на рана возраст. Симптомите вклучуваат бавен раст, напади и „развојна и интелектуална попреченост“.

Достапен е пробен лек кој помага во олеснување на симптомите на болеста, но поради затворањето на границите поради пандемијата, Ксу не можел да пристапи до него.

Ксу Веи изјави:

„Кога дознав дека постои третман за болеста на моето дете и теоретски може да се испроба иако е далеку од нас обичните луѓе, морав да направам нешто“.

Ксу, и покрај тоа што нема познавање од медицина и го завршил образованието по средно училиште, научил како да го прави лекот.

Ксу ја претворил теретаната на неговиот татко во лабораторија и почнал да експериментира.

Шест недели по почетокот на проектот, Ксу, наводно, ја направил својата прва домашна верзија на лекот, која ја тестирал на зајаци и на себе, пред да ја даде на својот син.

Според Ксу, само две недели по третманот, нивото на бакар на неговиот син се вратило во нормала.

И покрај тоа што неговиот домашен лек нема никаква законска проверка, а таткото е обвинет дека „оперира во етичко сива зона“, Ксу добил барања од други родители кои имаат дете со Менкес.

Сепак, тврдејќи дека тој е одговорен само за сопственото дете, Ксу одбил да ја даде својата медицинска креација на кој било друг родител.

Откако стана аматерски научник, Ксу сега се стреми да студира молекуларна биологија.