Тату артистка ја искористила својата „магија“ и му направила вештачко око на човек којшто претрпел трагедија
Ако некој ѝ кажел пред неколку години дека ќе „нацрта“ ново око за човек кој го нема, оваа тату артистка не би му верувала. Но, кога Павел влегол во нејзиното студио, нејзината кариера добила ново значење.
Павел преживеал сериозна повреда – неговиот нос бил речиси уништен, а докторите предложиле да му направат трансплантација. Но, како дијабетичар, ризиците од операциите биле преголеми. Наместо тоа, избрал кожен трансплантант, кој заздравувал речиси една година. Потоа, докторите, со помош на вајари и стари фотографии, му оформиле нов нос.
Најголемиот предизвик бил изгубеното око. Поради ризик од инфекција, окото морало целосно да се отстрани. Тогаш слушнал за тату артистка која специјализирала хиперреалистични тетоважи за камуфлирање лузни и обновување на телесни линии.
Создавањето на реалистично тетовирано око било исклучително тешко – морало да изгледа тродимензионално на рамна површина, хармонично да се вклопи со неговите лузни и да одговара на оригиналната боја на окото. Артиската анализирала стари фотографии за да го пресоздаде изгледот, изработила посебна палета на пигменти за природен ефект, вежбала на вештачка кожа, имитирајќи лузни, се консултирала со доктори за да не го попречи заздравувањето.
По часови работа, почнал да се формира првиот облик на окото. Павел се насмевнал пред огледалото: „Навистина изгледа како нешто!“ Тетоважата сè уште не била завршена, но веќе ја исполнила својата цел – му вратила дел од самодовербата.
Коментирај анонимно