Тату уметница која потрошила 60.000 евра за својот екстремен изглед ги критикува мажите кои ја осудуваат
Тату уметница која потроши 60.000 евра за да се преобрази во „уметничко дело“ ги критикува мажите дека реагираат различно на нејзиниот „екстремен изглед“ во зависност од тоа дали се со нивните пријатели или со својата партнерка.
46-годишната жена која се нарекува Кити Инк уште од мала возраст се интеренсирала за „екстремното, неприродното и дивото“ и тргнала на пат да направи да изгледа уникатно и да се разликува од толпата.
Кити, од Виена, Австрија, започнала да го трансформира своето тело кога имала 36 години, а во изминатата деценија потрошила 60.000 евра на две зголемувања на градите, липосукција, терапија со радиофреквенција, лифтинг на лице, филери и ботокс во обид да направи лицето што го видела во главата да стане личноста што ја гледа во огледалото.
Како и на операција, Кити поминала најмалку 100 часа од животот добивајќи бројни „извонредни, реални тетоважи“. И покрај количината на пари што таа веќе ги потроши на своите измени, таа призна дека „нема крај на повидок“.
„Имам различни реакции од различни луѓе. Многумина се позитивни, но некои не се – само не ми е гајле. Ако на некого не му се допаѓа она што го гледаат, тие не треба да гледаат – но секако, сите гледаат. Реакциите на мажите зависат од тоа кој е нивниот придружник кога поминуваат покрај мене. Дали се со пријателот или нивната девојка?“, вели Кити.
Иако не сите одговори се позитивни, Кити едноставно ужива да биде забележувана, бидејќи според неа:
„Една од најлошите работи во светот е да ве игнорираат, колку повеќе погледи привлекувате толку подобро.“ Верувале или не, Кити е среќно мажена веќе 27 години.