Тажна глетка кон иднината, каде што нѐ носи човечката несовесност
Разочарувачки фотографии го покажуваат моментот кога две бели поларни мечиња се играат со пластична кеса што ја нашле во снегот, пред да изедат добар дел од неа. Вознемирувачките фотографии, кои ги направи водачот на експедицијата на Арктикот, Јенс Викстром, од Гетеберг, Шведска, служат да ја истакнат растечката сериозност на загадувањето со пластика и последиците за животните во дивината.
Поларните мечки играле со пластиката околу 15 минути додека Викстром гледал со ужас, не можејќи да стори ништо за да спречи опасната пластика да заврши во стомакот на животните.
30-годишниот водач на експедицијата на Арктикот ги фотографирал во Лифдефјорден во Свалбард, Норвешка, од безбедно растојание. Опишувајќи ја глетката како „разорна“, Викстром вели дека тој имал можност да види во живо како го уништуваме и не се грижиме за нашиот екосистем.
„На овие оддалечени острови на Арктикот, видов млади љубопитни мечки и арктички лисици како јадат пластичен отпад што често се оддалечува на брегот со струи од Арктичкиот океан североисточно од Свалбард или со Голфскиот поток што излегува од Европа. Не е тајна дека имаме многу загадување само се надевам дека луѓето добро ќе размислат пред да остават пластични кеси или отпушоци на земја, никогаш не знаете каде ќе заврши.“, вели Јенс.