Тажната приказна за осамениот старец кој бара пријател, откако неговата најголема љубов починала

Реално постојат многу луѓе на овој свет кои се осамени, особено кога ќе достигнат одредена возраст и луѓето околу нив полека исчезнуваат. Тони Вилијамс (75) минуваше денови без да разговара со никого откако неговата сопруга почина во мај оваа година.

Пензионираниот физичар и неговата сопруга не биле во можност да имаат деца и без семејство во близина, тој најголем дел од денот го поминува покрај телефон, во надеж дека ќе заѕвони но тоа „никогаш не се случува“. Чувствувајќи се „проколнат“ од осаменоста, тој постави постер на својот прозорец и бара нови пријатели.

Знакот гласи: „Ја изгубив Џо, мојата прекрасна сопруга и сродна душа. Немам пријатели и со кого да разговарам. Сметам дека непрекината тишина 24 часа на ден е неподнослива тортура. Може ли некој да ми помогне?“

Тони веќе ставил два огласа во неговиот локален весник, за сума од 120 фунти, во потрага по пријател за разговор, без резултат. Без разлика дали тоа е слушање музика или седење во градината, тој само бара друштво. Тој дури направил и деловни картички за да ги дели во локалниот супермаркет или додека бил надвор на прошетка. Повторно, никој не му одговорил.

„Тоа е мое последно средство. Пробав сè за да запознаам пријатели, но се чувствувам како никој да не сака да разговара со мене. Не многу луѓе минуваат низ мојата куќа, но се надевав дека ќе се прошири низ заедницата и некој може да посегне. Џо беше мојот најдобар пријател и имавме прекрасен живот. Но, сега сум сам. Мојата прекрасна сопруга само што почина, а јас немам никој. Сè што сакам е некој да го види знакот и да ми се јави. Само сакам убав разговор, за да не седам во тишина по цел ден.“, вели Тони.

Тој посочува дека не бара „рамо за плачење“, туку за нормален опуштен разговор. Тони ја запознал Џо, правен секретар, пред повеќе од 35 години во еден бар. Тој го опишува нивниот брак како „совршена хармонија“. „Едноставно беше неверојатно. Се чинеше како да ја познавав цел живот. Таа беше само толку убава. Нашата врска беше секогаш толку природна. Немавме тајни и можевме да бидеме целосно отворени едни со други – навистина бевме сродни души “, вели тој.

Минатата година тие се преселија во Источен Хемпшир за да може Џо да биде поблиску до нејзината сестра Берил, 73. За жал, Џо се разболе од рак на панкреасот кратко откако се преселија. Само девет дена откако и беше дијагностицирана, таа почина дома со Тони покрај себе.