Тажната приказна зад Цементленд, еден од најчудните забавни паркови во светот

Некаде во Соединетите Американски Држави има еден многу чуден распаднат, стар забавен парк во кој се крие тажна приказна за тоа зошто се распадна и пропадна.

Некогаш беше просперитетна фабрика за цемент, потоа требаше да биде забавен парк за деца, а сега е пустош што се наоѓа во срцето на мистерија.

Паркот требаше да се вика Цементленд – искрено ни тоа не е најчудната работа во него – и тоа беше замисла на скулпторот Боб Касили.

Касили ја имал идејата за атракција од 54 хектари надвор од Сент Луис во Мисури, откако видел како некогаш расцутената фабрика се затворила и станала депонија за градежните компании да го остават својот отпад.

Неговата идеја беше да создаде место што ќе ја слави архитектурата, историјата и американскиот пејзаж.

Во едно интервју во 2000 година, Касили рече: „Тие зборуваат за историски области и слични работи, но една од главните работи е дека нашата архитектура во основа копира работи од Европа. Но, нашата индустрија, тоа е нешто како џез, тоа е американска, оригинална работа. Зошто да не погледнете што е тоа? Тоа е импресивно можеби е заканувачки, но не можете а да не бидете импресионирани од тоа“.

На крајот неговиот сон никогаш не се оствари поради трагичната несреќа на местото додека се претвораше во уметнички забавен парк. Додека се создаваше Цементленд, Касили беше прегазен од булдожер и убиен. Тоа беше на 26 септември 2011 година кога тој имаше само 61 година. Но, тука почнува мистеријата.

Сопругата на Касили и неколку медицински експерти долго време сугерираат дека неговата смрт не била случајна.

Всушност, во 2016 година, лекарот наречен д-р Артур Комбс повторно ги погледнал извештаите од обдукцијата и предложил дека скулпторот бил претепан до смрт пред сцената да изгледа како несреќа.

Сепак, оттогаш Цементленд продолжи да се деградира, со дополнителни оштетувања кога го зафати пожар и го урна покривот.

Денес тематскиот парк останува нецелосен и стои како морничав споменик на сонот на мртовецот и на мистеријата и контроверзноста што ја опкружуваат неговата смрт.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.