Тажната судбина на малата Ева Јонеско која била јавно експлоатирана од сопствената мајка
Родителите кои ги принудуваат своите деца да учествуваат на натпревари за убавина не се ништо во споредба со Ирина Јонеско, француски фотограф која го работела еротскиот жанр. Кога би имало награда за најлоша мајка на светот, овој монструм сигурно би ја освоил. Таа ја искористувала сопствената ќерка Ева на само 5-годишна возраст да позира за „непристојни фотосесии“, а на дванаесет години девојчето веќе било на насловните страници на списанијата Плејбој и Пентхаус.
Ева Јонеско е родена на 18 јули 1965 година во Париз. Девојчето не го познавало својот татко, а нејзината мајка Ирина Јонеско практично не минувала време со својата ќерка, префрлајќи ја одговорноста за нејзиното воспитување врз рамената на нејзината баба.
Дури кога Ева имала 5 години, нејзината мајка, која страствено се занимавала со фотографии и боемски забави, забележала дека родила многу убаво дете – со руса коса, одлики налик на кукла, полни усни… Сето ова ја направило Ева идеален модел за нејзините фотографии. Барем самата Ирина била убедена во тоа.
Кога мајката прво ја замолила својата ќерка да се фотографира, Ева била многу среќна! Во тоа време, таа немала претстава дека учествува во нешто непристојно. Главната цел на девојчето била да помине што повеќе време со нејзината мајка, па затоа со задоволство се согласила на сите авантури што ѝ биле понудени.
Ирина го забележала ентузијазмот на Ева и наскоро нивните скоро безопасни фотосесии добиле еротски тон. Жената го облекувала девојчето само во чорапи, корсети, долна облека и ја шминкала. Со текот на времето болниот ум на жената која и не може да се нарече мајка „напредувал“. Ирина започна да ја фотографира својата мала ќерка, опкружена со постари мажи.
И токму кога ќе помислите дека откако ги објавила фотографиите предизвикала бес кај јавноста, напротив. На многу познати фотографи им се допаднале фотосесиите и ја пофалиле Ирина. За да се прослави додатно чудовиштето почнало да ја „изнајмува“ својата ќерка за еротски фотосесии.
Токму фотографиите направени од Бурбулон го красиле списанието Плејбој во 1976 година. Така, Ева станала најмладата манекенка што некогаш се појавила на насловната страница на еротско списание, бидејќи во тоа време имала само 11 години! Подоцна, по искуството на Плејбој приказната се повторила со шпанското списание Пентхаус. Во 1978 година, на нивните страници се појавиле снимки од скандалозната фотосесија на Ева.
Конечно се појавил бес кај народот. Луѓето покренале петиција да ѝ се одземат родителските права на Ирина и да биде изведена пред лицето на правдата за промовирање на детска порнографија и злоупотреба на деца. Ева имала 12 години кога сфатила што се случува и што правела нејзината мајка и кутрото девојче доживеало нервен слом.
Родителите на славниот дизајнер на чевли Кристијан Лубутин станале старатели на девојчето. Но, таа не можела да се врати на нормалното детство. Поради малтретирање на училиште, Ева престанала да посетува часови и целосно се посветила на својата актерска кариера.
Откако станала полнолетна девојката ги тужела сите кои објавувале нејзини фотографии и видео материјали. Во 2012 година, Ева поднела тужба против нејзината мајка за „крадење на нејзиното детство“. Судот отфрлил многу точки од тужбата, сепак, жената добила некој вид на компензација. Иако, таа самата тврди дека нема пари кои можат да ја спасат од емоционалната болка што сè уште ја чувствува.
Лудата мајка повторно почнала да ги продава фотографиите од Ева обидувајќи се да постигне нов бран на популарност, но ова брзо згаснало поради законските норми и револтот на јавноста.
Ева вели дека никогаш нема да може да ѝ прости на Ирина и тоа со оправдана причина. „Никогаш не можам да и простам или да ја оправдам мајка ми. Оние кои сметаат дека нејзината работа со моето учество е уметност, се просто идиоти. Ништо не може да ја оправда детската порнографија“, изјавила Ева.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!