Тажната судбина на најмалата островска држава во светот: Како рајот на земјата стана очајно место полно со ѓубре и сиромаштија

Низ историјата, најмалиот остров во светот се сметал Бишоп Рок, на англиските Скили Острови. Имал осамен светилник кој бил автоматизиран во 1982 година, па денес најмалиот населен остров во светот се смета островот Just Room Enough во Њујорк. Островот го купило семејството Сајзеленд во 1950 година и на него изградиле куќа и засадиле дрво. Целиот остров е голем колку тениско игралиште и е двојно помал од неговиот претходник Бишоп Рок.

Но, дали некогаш сте се запрашале која е најмалата островска држава во светот?

Се вика Науру, се наоѓа помеѓу Австралија и Хаваи, живеат 10 илјади луѓе, а површината на нивната држава е 21 квадратен километар. Во ноември 1798 година, британскиот брод „Snow Hunter“ испловил кон кинеските мориња и ги известил Европејците дека наишле на нов остров. Стотици Науруанци излегле со кануа да ги поздрават морнарите. Најпрво исплашени, морнарите не се осмелиле да се симнат, а Науруанците, исто така исплашени, не знаеле дали да им пријдат или да се скријат.

Кога двете страни сфатиле дека не сакаат да си наштетат, воспоставиле комуникација. Капетанот на бродот Џон Ферн напишал дека е воодушевен од нивниот пречек, но и од топлите ветрови, палмите и белиот песок, па островот го нарекол „Пријатен остров“.

Како алчноста и лошото колонијално владеење го доведоа Науру на работ на колапс?

Откако го откриле овој „рај на земјата“, луѓето полека почнале да доаѓаат да уживаат во прекрасните плажи и топлото море. Во тоа време сè уште не се знаело какви природни ресурси имал Науру, па затоа колонијалните сили не биле премногу заинтересирани за нив. Сè до 1899 година, кога геологот Алберт Елис забележал карпеста формација. Отпрвин се чинело дека е парче скаменето дрво, а на крајот се утврдило дека се работи за висококвалитетна фосфатна руда, супер-ѓубриво кое вреди вистинско богатство. Две години подоцна, тие откриле дека 80 отсто од островот е богат со фосфатна вар.

Набргу потоа почнала да се извезува вредна руда, а Науру полека но сигурно ја губел својата природна убавина. Науруанците отсекогаш ги чувале своите руди, до тој степен што граделе куќи подалеку од нив. Областа била дом на диви бадеми, панданус, јата птици и богат живот. Фотограф на National Geographic во 1921 година рекол дека култивираното поле со фосфат е ужасна и мрачна област со илјадници остри и зашилени корални врвови, каде што може да се видат фрлени фосфатни корпи и ‘рѓосани конзерви со американски керозин.

До Втората светска војна, Науру бил австралиска колонија. Потоа биле нападнати од Јапонија. Иако извозот на фосфати накратко престанал, тоа било најтемното време за локалното население. Јапонските трупи биле немилосрдни. Тепањата, егзекуциите, депортациите и масовните давења резултирале со значително намалување на локалното население. Во 1945 година, помалку од 600 Науруанци останале на островот, а повеќе од една четвртина ги загубиле животите.

Како живеат Науруанците денес?

Науру стекнале независност во 1968 година. Република Науру одлучила да продолжи да извезува фосфат за да се опорави од загубите што ги претрпела низ историјата. Денес, Науру сè уште го бара своето место во светската економија. Новинарката Кети Меклиш во 2013 година напишала дека очајот го обземал цел Науру. Невработеноста била голема, имало само неколку кафулиња и ресторани, а и покрај природните убавини, туризмот никогаш не успеал да се развие.

Иако оддалеку изгледа како рај на земјата, кога ќе се приближите можете да видите трошни куќи и ѓубре на патишта и дворови.

Десет илјади жители јадат само храна од увоз, а проблем им е водата за пиење. Конзервираната и преработената храна лошо влијае на локалното население, па така Науру е на врвот на листата на стапки на дебелина во светот. Дури три четвртини од жените се дебели, а лидери се и во алкохолизам и пушење. Поради алкохолизам, и Науру има висока стапка на семејно насилство.

Џејмс Ајнгиме, министер на Конгрегациската црква во Науру, во последните години од својот живот рекол: „Сонувам дека никогаш да не го најдовме тој фосфат. Посакувам Науру да биде како порано. Кога бев момче, беше толку убаво. Имаше дрвја, сè беше толку зелено. Се сеќавам дека јадев свеж кокос и леб. Дури сега видов што се случи овде и можев само да плачам“.