Тажната вистина за ситуацијата во Македонија (виц)

Седеле во една кафана тројца инвалиди — слеп Американец, глувонем Французин и куц Македонец.
Одеднаш пред нив се појавил Исус и му се обратил на Американецот:
– Бидејќи беше праведен, ќе те избавам од маката! Го допрел и Американецот прогледал, па почнал да ја фали Божјата сила.
Потоа Исус му рекол на Французинот:
– И ти беше примерен, сине мој! Еве ти награда! Го допрел и Французинот во истиот миг оздравел.
Се свртел Исус кон Македонецот, а овој се развикал:
– Немој да си ме допрел! Земам 18.000 инвалидска пензија!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *