Тажното кученце Бутс ќе ви го „украде“ срцето, поради тоа што одбива да го напушти местото на коешто трагично загинала неговата сопственичка
Прекрасно кутре одби да го напушти местото каде што неговата сопственичка загина во сообраќајна несреќа со мотоцикл, откако беше спасено само еден ден претходно.
Дебора Абигејл Велиз Рејноса (17) го загубила животот кога нејзиниот мотор се судрил со возач на камион на кружен тек во Кецалтенанго, Гватемала. Тинејџерката во тоа време патувала со своето кученце по име Бутс, кое го посвоила само еден ден претходно. Судирот се случил додека Дебора се упатувала кон дома откако на своето ново куче му купила облека и додатоци на 20 септември.
Бутс ја преживеал сообраќајната несреќа и бил пронајден прилепен за телото на Дебора кога полицијата пристигна на местото на настанот. Полицајците ја обезбедија областа и го утешија кученцето, кое одбило да го напушти безживотното тело на Дебора.
Според извештаите, кога имала 12 години, Дебора продавала емпанади, а приходите ги користела за да им помага на кучињата скитници во нејзиниот град. Студирала криминологија во Центарот за интегрирани студии во Кецалтенанго пред нејзината прерана смрт.
Во соопштението, центарот вели: „Испраќаме молитва за вечно почивање на нејзината душа. Нека ѝ свети вечна светлина“.
Пријателите и семејството се простија од Дебора на нејзиниот погреб на 21 септември.
Месната заедница повикува на правда за смртта на тинејџерката.
Полицијата соопшти дека извршила рација на локален имот и запленила камион за кој постои сомневање дека учествувал во несреќата, но сопственикот во моментов се води за исчезнат. Во меѓувреме, полицијата на членовите на семејството им го предала кученцето на жртвата. Момчето на Дебора е сега новиот сопственик на Бутс.
Коментирај анонимно