Технологијата носи мрачна иднина за сиромашните: Роберт Рајх предупредува дека генерациите работници ќе гладуваат поради ефектите од вештачката интелигенција
Додека директорите од технолошката индустрија ветуваат четиридневна работна недела и ослободување од тежок труд, економскиот експерт Роберт Рајх не им верува на тие бајки. Во својата нова анализа, поранешниот американски министер за труд предупредува дека скратените работни недели ќе донесат и скратени плати — оставајќи ја работничката класа да се бори за преживување со ситни трошки.

Содржина:
- Економијата расте, но реалноста за обичниот човек е катастрофална
- Илузија за кратка работна недела: „Сето ова е обична глупост“
- Растот на продуктивноста не оди со зголемување на платите: работниците добиваат помалку со децении, а АИ ќе го влоши тоа
- Уште повеќе луѓе работат на неформални, несигурни работи додека редовната работа застојува
- Новите технологии не создаваат благосостојба за сите – туку продлабочуваат богатството кај малкумина а мнозинството едвај преживува
Економијата расте, но реалноста за обичниот човек е катастрофална
Американската економија бележи силен раст, а берзата никогаш не била посилна. Но, кога станува збор за она што е навистина важно за обичните луѓе, Роберт Рајх вели: „Е срање“. Додека вештачката интелигенција ја тресе пазарот на труд, според него, сиромашните и работничката класа ќе бидат најголемите жртви.

Илузија за кратка работна недела: „Сето ова е обична глупост“
Рајх ги анализира изјавите на бизнис гигантите како Ерик Јуан од Zoom и Џејми Дајмон од JPMorgan Chase, кои тврдат дека четири или три дена работна недела ќе стане новото нормално благодарение на автоматизацијата. „Сето ова е обична глупост,“ пишува Рајх. „Вистината е следна: четиридневната работна недела ќе значи и четири дена плата. Тридневната – три дена плата. И така натаму.“
Растот на продуктивноста не оди со зголемување на платите: работниците добиваат помалку со децении, а АИ ќе го влоши тоа
Како доказ, Рајх го наведува јазот меѓу продуктивноста и платите: мерка која го прикажува економското производство во однос на растот на платите. Во САД продуктивноста постојано се зголемува, но делот од тој раст кој оди кај работниците воопшто не се менува од 70-тите години наваму. „Работниците, со други зборови, се поткрадени од нивните газди со децении, и нема никаква причина тоа да се смени со АИ,“ додава тој.
Уште повеќе луѓе работат на неформални, несигурни работи додека редовната работа застојува
„Затоа, како што вештачката интелигенција презема сè повеќе работи, мнозинството работници веројатно ќе станат уште посиромашни или ќе бидат принудени да земаат повеќе работи за да ја зачуваат истата плата,“ предвидува Рајх.
И немора да ја чекаме иднината за да го видиме ова: растот на полно работно време во 2025 година е речиси непостоечки, а сè повеќе луѓе преминуваат кон несигурни, хонорарни работи додека платите за ниско платените опаѓаат.
Новите технологии не создаваат благосостојба за сите – туку продлабочуваат богатството кај малкумина а мнозинството едвај преживува
„Наместо доба на изобилие во кое повеќето луѓе нема да мора да се грижат за пари,“ продолжува Рајх, „новите технологии создадоа дводелен општествен систем – неколкумина со исклучително богатство и огромно мнозинство што едвај преживува.“

Коментирај анонимно