Технолошка компанија нуди 130.000 долари на оној кој ќе го „даде“ своето лице на нивниот робот

Секој втор ден брилијантни луѓе го менуваат светот на кој било начин како што знаат, или барем ги преземаат потребните чекори за да го сторат тоа.

Денес оваа компанија за роботика е во центарот на вниманието заради, што би можело да биде, револуционерен проект што ќе ги промени животите на илјадници стари лица! Оваа безимена компанија бара луѓе кои ќе им помогнат да ја реализираат таа идеја. Прочитајте подолу за да дознаете како!

На луѓето во Геомик (Geomiq) технолошко друштво, им пристапила непозната роботска компанија за да им помогне во еден многу интересен проект на кој работеле. Геомик ги нема сите информации дури и поради договорот за необјавување, што тие го потпишаа со дизајнерот, но можеме да ви кажеме дека роботската индустрија се менува.

За луѓето со природно љубезни и топли лица, кои исто така би сакале да заработат пари, имаме добри вести! Таа мистериозна компанија за роботика бара мажи и жени, буквално, да бидат лице на робот. Ова значи дека тие лица може да се репродуцираат на потенцијално илјадници роботи. Би било како да имате илјада близнаци, низ целиот свет.

Колку би било тоа лудо? Па, дизајнерот знае колку лудо тоа звучи и затоа се согласи да ви плати 100.000 фунти (130.000 американски долари) за правата на вашето лице, секако ако е доволно пријателски расположено. И секој може да учествува и да испрати фотографија од своето лице на оваа адреса: face@geomiq.com.

Компанијата сака да го задржи ова во сенка колку што може, заради „таинствената“ природа на овој проект, затоа деталите се оскудни и неговото име сè уште е скриено. Но, тие веруваат дека проектот наскоро ќе биде достапен за јавноста и тие имаат за цел да подигнат што е можно повеќе свесност околу тоа.

Ако сакате повеќе информации за тоа што ќе биде целта на овие роботи, не грижете се, тие не градат армија што изгледа како вас, вие сте сосема безбедни! Целта на роботите ќе биде да дејствуваат како некој вид на виртуелен пријател со старите лица и тие треба да излезат во производство следната година. Според дизајнерот, овој проект е во работа веќе 5 години и има многу сериозна поддршка од инвеститорите. Значи, сметаме дека е фер да се каже дека ова дефинитивно се случува и ќе видиме цела „виртуелна армија на пријатели“ со исто лице еден ден.