Телефонски разговор со шефот (виц)

Во една голема фирма на едно од бироата ѕвони телефонот. Вработениот со нозете качени на бирото го пушта на спикерфон, затоа што го мрзи да ја крене слушалката:
– Ало.
– Сакам веднаш да ми ги донесете сите извештаи во канцеларија број 23! – почнал да се пени некој.
– А зошто пак баш јас?! – прашува непослушно вработениот.
– Ти знаеш ли со кого разговараш, бе?! – оној веќе е пред нервен слом.
– Не…
– Со шефот на фирмата! Само да покажам со рака и веќе си избркан од работа!
– А ти знаеш ли со кого разговараш?
– Не.
– Е па е*и си мајката тогаш!