Телепатска комуникација со две вонземски цивилизации: За што раскажувала 94 годишната баба од Јапонија во последните месеци од својот живот?
Во 2022 година, тогаш 94-годишната Ендо Мами од Јапонија неочекувано започнала да зборува за гласови во нејзината глава и живописни слики од далечниот космос. Иако постоеше сомнеж дека станува збор за психички промени поради возраста, нејзиниот внук, кој започнал да ги бележи нејзините зборови, забележал дека содржината на тие “пораки” се совпаѓа со сведоштва на други медиуми ширум светот.
Гласовите ѝ се појавувале повремено, а пораките биле едноставни, без технички термини, прилагодени за нејзиното ниво на образование. Според кажувањата на Ендо, комуницирала со цивилизација наречена „инни“, која живее на оддалеченост од три милиони светлосни години. Тие се телепати, а комуникацијата започнала со слики од нивната планета и изгледот на суштества високи до 5 метри, со две мозочни хемисфери и форма помеѓу човек и кобра.
Развој на комуникацијата
Подоцнежните пораки биле во форма на текст на јапонски, но со чудни грешки. Ендо ги читала со затворени очи и потоа ги диктирала на внукот. Според „инни“, универзумот е исполнет со различни цивилизации – некои од нив го отфрлиле технолошкиот напредок и се насочиле кон духовноста, додека други преферирале технолошка експанзија. Меѓу нив постојат сојузи на раси кои опфаќаат повеќе ѕвездени системи.
Во една од последните комуникации, Ендо тврдела дека контактирала со суштества наречени „оти“ – моќни интелигенции кои создаваат цели универзуми и постојат надвор од времето, просторот и материјата. Тие се способни да бидат и микроскопски и бескрајно големи, а нивниот ум ги обликува световите.
Нерешена мистерија
Ендо Мами починала во ноември 2023 година, оставајќи зад себе мистерија која останува неодговорена. Но, нејзините зборови отвораат можност за размислување – дали навистина била сведок на контакт со нешто над човечкото разбирање?
Како оваа телепатска комуникација на 3 милиони светлосни години заврши во Македонија, није ми јасно!?
П.С. Скопје – Токио: 12,910,02км по пат или 9,343км с’с авион или 116,8 часа с’с кола!
П.С.2 Колку вакви и слични приказни знаат вработените на Геријатрија во Скопје, прашање е сега?
Коментирај анонимно