Темните и одвратни тајни на империјата Плејбој излегуваат на виделина, некои детали оставаат без коментар

Основачот на Плејбој, Хју Хефнер, бил вампир кој манипулирал и дрогирал десетици млади жени за да учествуваат во понижувачки оргии додека се прикажувал себеси во јавноста како застапник на сексуалната слобода – само некои од шокантните детали кои ќе бидат прикажани во новиот документарен филм за неговата империја.

Документарната серија „Тајните на Плејбој“ од десет продолженија, која премиерно ќе биде прикажана на 24 јануари, треба да ја покаже таа темна страна на Плејбој. Серијата се занимава со скриени вистини кои ќе бидат откриени преку ексклузивни интервјуа со инсајдери, вклучувајќи ги поранешните девојки на Хју Хефнер, Холи Медисон и Сондра Теодор, како и поранешната „Мајка зајаче“ Пи Џеј Мастен.

Сондра, која сега има 65 години, открива дека морала да учествува во групни оргии пет дена во неделата и дека Хју ги организирал таканаречените „Свински ноќи“ на неделно ниво, за време на кои носел десетина, како што ги нарекувале, грди проститутки да се дружат со неговите пријатели.

Имено, ВИП членовите на ноќните клубови на Плејбој можеле да прават што сакаат, а меѓу нив бил и ценетиот водител на Soul Train Дон Корнелиус, кој наводно држел две зајачици на Плејбој како заложници и силувал една од нив.

Холи Медисон, зајачица на Плејбој, која се забавувала со Хефнер осум години, исто така проговорила за тоа како Хефнер одбил да користи заштита за време на се*сот и како начинот на живот во куќата дури ја навел да размислува за самоубиство.

Документарната серија вклучува и интервјуа со Линда Лавлејс, порно ѕвезда од 1970-тите, која се прослави со „Длабоко грло“ и која денес тврди дека била третирана како парче месо и била принудена на орален се*с со германски овчар додека Хефнер и неговите пријатели го гледале сето тоа.

Документарецот е снимен како критички осврт на наследството на култниот издавач Плејбој, кој почина во 2017 година на 91-годишна возраст, а кој имаше само 27 години кога го објави првото издание на култното списание во 1953 година. Со легендарната Мерлин Монро на насловната, продаде повеќе од 50.000 примероци и создаде империја која траеше со децении.

До 1970-тите, Плејбој продаваше седум милиони примероци месечно, а Хефнер отвори десетици Плејбој клубови, во кои членовите влегуваа користејќи клуч кој буквално ја отвора влезната врата.