Теоретичар на заговор користи либела за да докаже дека Земјата е рамна и многу е самоуверен во својот експеримент

Некои теории на заговор не изумираат колку и да поминува време и без разлика колку докази постојат за да се докаже спротивното. ден од најпознатите примери е Теоријата на рамна Земја чии приврзаници продолжуваат да ги движат стативите и наоѓаат нови начини да „докажат“ дека Планетата Земја, наводно, не е сфера. И, наводно, сите сме измамени. (Веројатно од нашите рептилистички господари?)

Дарил Мермер, од „Flat Earth Offensive“, целосно верува дека Земјата е рамна. Тој толку многу верува во тоа што зема либела (васер-вага) со него во авион за да докаже дека меурчињата нема да се поместат. Во своето видео на YouTube, тој тврди дека бидејќи меурот не се помрднал, планетата не е закривена, односно нема кружна форма. Тој дури и „направи математика“.

„Снимив видео од 23 минути и 45 секунди, што според тие мерења значи дека авионот поминал нешто повеќе од 203 милји. Според математиката за искривување, дадена за да се објасни моделот на глобус, ова требаше да резултира со компензација на 5 милји кривина. Како што ќе видите, немаше мерлива компензација за искривување“, вели тој.

Всушност тој снимал 23 минути и 45 секунди за да докаже дека кој и да ја местел масичката завршил прилично добра работа за совршено да ја израмни. Браво за легендата…

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.