Теоретичари на заговор масовно порачуваат од интернет „блокатори на 5-ГЕ“

Во 70-тите години вревата се кревала околу далноводи. Луѓето мислеле дека од нив сите ќе добијат рак. Потоа омилени на теоретичарите на заговор биле телевизијата и микробрановите печки. Проколнатата листа е долга но оваа година имаме „комбо“: 5-ГЕ и панедемија!

5G, кој во основа е најновиот технолошки стандард за безжични мрежи, сега се претвори во токсичен коктел на дезинформации. И теоретичарите не губат време да се спасат од „катастрофата“.

Всушност, овој блокатор „EMF“ од 89,25 долари за WiFi рутери го снема од полиците на Амазон , затоа што наводно можел да ги спаси луѓето од страшното зрачење. Но, коментарите од клиентите и не се баш најпозитивни. Иронично оние кои ги купиле овие блокатори се жалат дека им ја намалува брзината на интернетот… тажно нели.

Откако ќе сфатат дека со блокаторот за 5-ГЕ всушност немаат интернет дома и на телефоните купувачите се разочаруваат и го враќаат производот кој „не функционира“. За среќа продавачот е попаметен па не им враќа 25 долари од износот.