Терорист уби 15 лица и рани 35, откако пукаше во толпа што славела Нова година на улична забава во Њу Орлеанс
Најмалку 15 лица загинаа, а 35 беа повредени откако терорист со возило удри во толпа што ја прославуваше Новата година на Бурбон Стрит во Њу Орлеанс. Напаѓачот потоа излегол од возилото и почнал да пука, а на местото на несреќата биле пронајдени импровизирани експлозивни направи кои не експлодирале.
Полицијата потврди дека напаѓачот, Шамсуд-Дин Бахар Џабар, 42-годишен американски државјанин роден во Тексас, бил убиен за време на престрелка. Џабар бил поврзан со ИСИС, а неговото возило носело знаме на оваа организација. Возилото, електричен „Форд“, било изнајмено преку апликација и претходно ја поминало границата со Мексико.
На местото на нападот биле присутни експлозиви и непознат објект врзан за автомобилот. Во истрагата, ФБИ соопшти дека напаѓачот можеби не делувал сам, бидејќи снимките покажуваат четири други лица како поставуваат експлозивни направи.
Инцидентот предизвика хаос на улиците на Њу Орлеанс, додека луѓето бегаа од местото на несреќата. Гувернерот Џеф Лендрис го осуди нападот и упати поддршка до жртвите и спасувачите. Претседателот Бајден исто така е информиран за инцидентот и понуди федерална помош.
Нападот се смета за терористички чин, а истрагата продолжува со учество на повеќе агенции, вклучувајќи го и Министерството за внатрешна безбедност. Властите ги предупредија жителите да го избегнуваат местото додека трае истрагата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Primer-zosto vo Ungarija,Polska,Cheska…koi se vo EU nemaat vakvi teroristiski napadi,siluvanja,neredi od EMIGRANTITE {asocijativno so SAD},a ima vo Germanija,V.Britanija,Francija,Svedska…BARAVTE-GLEDAJTE
Коментирај анонимно