Тешко болниот маж и бабата – народен лекар (виц)
Се разболел еден маж од некоја тешка болест на тестисите. Ги обиколил сите доктори, но сите биле категорични – ако сака да живее, треба да му ги отсечат.
Еден пријател го посоветувал да отиде кај една баба – народен лекар. Отишол нашиот, ѝ кажал на бабата што му е маката, а таа му рекла:
– Остави ги тие нашите доктори, тие само да им дадеш нешто да сечат. Еве испиј го ова… Готово ли е? А сега скокај малку и тие сами ќе си паднат.