„Тесла“ ги откри новите перформанси и способности на озогласениот робот „Оптимус“. Дали можеби сега на јавноста ќе и се промени негативното мислење за него?

Илон Маск и неговата компанија „Тесла“ открија видео кое ги прикажува неверојатните карактеристики и вештини на нивната најнова креација, хуманоидниот робот наречен „Optimus“.

 

 

Овој хуманоид стана уште поинтелигентен и понапреден благодарение на иновативните технологии и алгоритмите на невронската мрежа во неговиот компјутер. Видеото, објавено на официјалниот канал на „Tesla“ на „YouTube“, е впечатливо по прикажувањето на силата и машинската интелигенција.

Една од најимпресивните карактеристики на „Optimus“ е неговата способност да ги калибрира своите дејства. Роботот користи податоци од сензори за агол на зглобот на екстремитетите и систем за компјутерска визија за извршување на сложени задачи. Во видеото, роботот вешто поставува блокови со различни бои на послужавници, а доколку погреши, веднаш ја поправа.

 

Способноста на „Optimus“ да балансира на едната нога е неверојатна. Во видеото, хуманоидот стои на едната нога и изведува сложени движења, вклучително и јога поза. Овие вештини се постигнуваат преку обука од крај до крај на алгоритми на невронски мрежи, што ја нагласува напредната природа на технологиите што се користат во развојот на „Tesla“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *